26.05.2014 во 01:02:21
Почитувани, Моето име е Дејан и жевеам во нас. Лисиче на улица Кресна 13б. Неодамна во населбата Лисиче, општина Аеродром изврши градежни работи со монтажа на атмосферска канализација преку сечење на улиците, ископување, монтирање и повторно асфалтирање. Но, на мојата улица околу шахтата целиот тој нов асвалт потона, а потона и голем дел од истиот на страните од шахтата. Кога ке заврне, новата канализација нема никаква функција бидејки водата се собира во тие дупки и не доаѓа во никаков контакт со шахтата. Практично пред врата се собира многу вода.. Имам и слика но немам каде да ја закачам на овој маил.. Можам да ви ја испратам само кажете ми каде.. За секој случај истиот меил ќе го пратам и на : aerodrom@aerodrom.gov.mk и ќе ја закачам сликата. Благодарам, Дејан Неделковски
Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици