26.05.2014 во 07:35:45
Почитувани, Живеам на Бул. Авној бр. 114, и воедно сум претседателка на заедницата на станари. Ви пишувам со цел да Ве информирам дека позади нашата зграда има зелен појас кој со соседите го негуваме веќе дваесет години. Дрвјата се големи и не заштитуваат звучно и визуелно од бучавата на булеварот. Но има една бреза која минатата година од непознати причини почна да се суши. Веќе втора година не развива листови. Чекавме пролетва да видиме каква е состојбата за да пријавиме потреба од нејзино сечење и отстранување. Вчера на 25.05.2014 имаше силно невреме во вечерните часови и дел од брезата (горниот дел) се скрши и заврши на нашите тераси. Се плашиме по повторно невреме дека целата може да се струполи и да направи поголема материјална штета врз нашите станови и автомобили (паркирани во непосредна близина). Затоа замолуваме комуналните служби во најскор можен рок да ја отстранат. Ве молиме известете не за текот на постапката. Истовремено, би сакале на нејзино место и во околината на истиот зелен појас да се засадат зимзелени дрвја (груба проценка е дека има место за 3). Ве молиме известете не дали тоа може да го превземе општината или ние станарите треба да ја спроведеме иницијативата? Благодарам! Марија
Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило