07 Мај 2024 - 18:42:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.05.2014 во 08:52:22

Почитувани, како жител на општина Аеродром веќе цели 13 години,морам да ја изразам мојата револтираност во врска со паркинг просторот пред станбените единици во кои живееме.Имено живеам на ул.В.С.Бато 17 т.е во делот во кој се наоѓа „славната„ катна гаража,со чија изградба не се доби простор плус,напротив,одредени лица тоа го сфатија како придобивка,во смисла на тоа,сопствените „возила„ кои не се регистрирани и по неколку години,да ги сместат и притоа да не ги помрднат и по неколку години. Ве молам (сметајќи дека е тоа во Ваша надлежност) да излезете на терен и да извршите увид на реалната сосотјба и со тоа да процените на кому за што му служи катната гаража.Исто така,како општина која се гордее со своето работење,потребно е да пуштите луѓе на терен кои ќе извршат анкета помеѓу граѓаните кои живеат на тој потег и да утврдите дали постои расположение да лицата кои се спремни да платат за паркинг простор,да имаат обележано место,каде секогаш ке можат слободно да го паркираат сопствено возило,а не по сто пати да го минуваат паркингот,молејќи го Бога да наидат на барем малку слободен простор,со цел да го паркираат својот автомобил,а притоа истиот некој да им го оштети,затоа што просторот за минување е многу тесен.Исто така,земете ги во предвид и лицата кои имаат сопствени возила,а исто така се задолжени и со службени возила,со кои дополнително го оптоваруваат паркингот.Ако се веќе спремни да имаат две возила,тогаш нека бидат спремни и да платат за тоа. Страшно сум револтирана од негрижата на општината за овој дел од населбата,затоа што во глобала секаде се среди проблемот со паркирањето,освен во овој дел,каде што сме оставени на милост и немилост. ВЕ МОЛАМ ЗА ИТНА РЕАКЦИЈА ОД ВАША СТРАНА!!!! Се надевам на одговор од Ваша страна.Ви благодарам... Срдечен поздрав, Илиевска Павлина.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Хаварисани возила, како и возила кои се користат како магацински простор

 
Одговор

28.05.2014 во 13:30:46

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност.Воедно, Ве известуваат дека со зонските паркиралишта во Општина Аеродром стопанисува ЈП Градски паркинг, па затоа доколку сакате да се постави зонско паркирање во Вашето место на живеење, ќе мора да се обратите до нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by