18 Мај 2024 - 14:40:51

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

14.06.2014 во 14:26:55

Почитувани, Морам да забележам дека оваа година не водите доволно сметка за редовно косење на тревата во парковите, особено делот позади Авној/Асном 86—94 па се до Јане Сандански 80, помеѓу сините и кафените згради. Паркот е претворен во ливада, косено недокосено, трева не собрана, на места и до 1 метар. Замислете дури денес има човек да ја коси и тоа со селска коса...каде се косилици, механизација, 500 сезонци имавте за овие работи... Се надевам ќе поведете повеќе сметка за да не се претворат во змијарници нашите паркови. Ве поздравувам

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

17.06.2014 во 12:44:09

Почитувани,Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека тревата се коси по однапред определен редослед, со механизација и ресурси од страна на општината, но и ЈП Паркови и зеленило. Наскоро ќе биде искосен и овој дел од општината. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by