05 Мај 2024 - 05:48:31

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.06.2014 во 10:08:09

Поплочените површини помегу зградите во Аеродром полека се претвараат во улици и паркинзи. Тоа се локации каде што порано децата безгрижно се играа но поради малата свест и памет на одредени поединци тоа не е повеке сликата на Аеродром. Ве молам, ова не е проблем кој бара големи инвестиции а се работи за безбедноста на најмалите и сите жители на Аеродром. Конкретно говорам за локација наспроти Мекдоналндс. значи целиот тој комплекс на згради го има овој проблем. лугето си се паркираат и возат по тие плочници за да си ги истоварат кесите од продавница и пазар, срамота, а воедно и си ги користат како паркинг. Поздрав, З.А.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.06.2014 во 14:52:14

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека на тој потег веќе има поставено столбчиња, но нашите службеници повторно ќе излезат на терен и доколку има потреба од доплнителни столбчиња истите ќе бидат поставени. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by