05 Мај 2024 - 10:25:05

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.06.2014 во 20:32:43

ДО ОПШТИНА АЕРОДРОМ за Комуналниот инспекторат, С к о п ј е Prijava од СТАНАРИ во населба 13 Ноември, бул. Јане Сандански број 3, општина Аеродром – Скопје На почетокот од овој допис сакаме да ви се заблагодариме за брзата реакција од ваша страна, а по повод Пријавата од станарите на горенаведената адреса од 21-5-2014 год. во врска со чувањето на две кучиња на јавна површина пред зградата на бул. Јане Сандански број 3 во Скопје. Но, и покрај вашата брза интервенција проблемот не е решен дури би рекле е уште по сложен ако се име предвид пред се аспектот јавен ред и мир. Имено, двете кучиња со куќичките се сега се лоцирани надвор од задната страна зградата, во заштитен локациски простор за кој станарот на приземјето на зградата број 3, влез 3, стан бр. 2 мислат дека тоа е нивен сопствен дворишен простор па во истиот можат да си дозволат и таква комоција да вдомуваат кучиња, да ги вознемируваат станарите на згрдата без претходна нивна согласност.Па од тука се поставува прашањето од каде таква дрскост именуваните да си дозволат без согласност од станарите на зградата да стационираат две кучиња кои непрестано лајат и деноноќно не вознемируваат - исто како да ви се во соба, особено во летни услови кога треба да отворите прозор, кога становите ви се во пониските спратови и кога повеќето спални соби се во непосредна близина. Нивното задоволство и наводна “грижа” за животните треба да подразбира негрижа за луѓето, за нивната приватност, здравје и тн.Очигледно е дека овие несовесни станари не почитуваат прописи, право на приватност за соседите освен за себе и воопшто немаат навики за цивилизациско однесување, важни се нивните рурални навики, да имаат куче-кучиња ама друг да им бере гајле. Со оглед дека по втор пат ви се обраќаме заради исти причини, сега со точна адреса на субјектите категорично БАРАМЕ најитна и енергична интервенција од ваша страна, односно одстранување на кучињата без алтернатива како и соодветна прекршочни санкции против именуваните, а сето според наводите во оваа пријава и констатациите што ќе ги утврдите со увид на лице место, согласно со законот за јавен ред и мир, законот за домување, законот за домашни миленичиња, правилниците од оваа област како и правилниците за куќен ред и друга соодветна правна регулатива која се однесува и на еколошки стандарди од аспект на бучава и др. Тоа што беше наведено во дописот од 21-05-2014 година останува е се уште актуелно со таа разлика што степенот на вознемирување на станарите е уште по интензивно до граници на неиздржливост. Секое доцнење со постапувањето по оваа пријава подразбира непроспиени ноќи и непотребни стресови. Ако овие неодговорни соседи имаат сериозна намера да вдомат миленичиња истото да го сторат под услови и на начин регулиран во законот за домашни миленици. Со надеж дека ќе постапите по нашето барање во најкраток можен рок и ќе се потрудите за дискретност, однапред ви благодариме на соработката и разбирањето. Со почит,

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.06.2014 во 13:42:33

Почитувани, Вашето барање повторно е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што повторно ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by