05 Мај 2024 - 02:14:49

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.06.2014 во 11:39:00

Почитувани, Во населба Лисиче повеќето од куќите се оградени со жива ограда и во најголем дел жителите си ги одржуваат оградите на пристојна и претпоставувам со закон утврдена, висина и ширина. Би сакала да ме известите дали во општината постои комунална служба која ги санкционира несовесните граѓани кои не ги одржуваат живите огради, во случајов жител чија жива ограда е повисока од три метри и која е толку обрасната што го попречува движењето на ЈАВНА ПОВРШИНА, која е заедничка за сите околни жители, дел од Општина Аеродром. Поздрав,

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.06.2014 во 13:41:23

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by