05 Мај 2024 - 09:13:18

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.06.2014 во 13:51:17

Почитувани, не знам колку сте запознаени, но во Општина Аеродром има појава на голем број кучиња скитници, кои од некои причини се посебно агресивни во овој период. Напаѓаат и деца и возрасни. во делот во кој што јас живеам, Булевар АСНОМ ( АВНОЈ) бр.44,82,70 и тн, многу пати кучињата нападнаа возрасни луѓе ( со граизенје). Сами знаете каква е процедурата после по доктори, и се она сто иде после тоа. Затоа Ве молам , од името на станарита на мојата зграда, 44, да сторите нешто овие кучиња скитници да се отстранат од просторите. Секој оној кој што сака да чува и негува домашни миленичиња, тоа нека го прави во домашни услови, а не на улица со фрлање на храна на животните. И ве молам, само немојте со политички одговор, дека е тоа во надлежност на Град Скопје, бидејки Ние сме жители на Општина Аеродром, а понатака, комуникацијата со град Скопје, е во Ваша надлежност. Со почит, Зоран Карановски Бул.АСНОМ 44/1-13

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

26.06.2014 во 14:03:19

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат, дека кучињата скитници во Градот Скопје се под надлежност на Град Скопје, поточно под ЈП Комунална/Шинтерска служба. Затоа најљубезно Ве замолуваат да се обратите до нив, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by