05 Мај 2024 - 04:35:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.06.2014 во 18:18:18

10.06.2014 во 21:56:21 Почитувани, крстосницата на ул.Димитар Благоев и Ѓорѓе Андреевич Кун секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди кои толку многу не вознемируваат нас возрасните а и нашите деца што повеќе неможе да се издржи.Секое чкрипење на возилата од нагло кочење излегуваме и гледаме одлетани возила во тревник и на тротоар.Страшно,потресно -не може да се опише како се чуствуваме сите ние кои сме осудени да ги гледаме ваквите слики. Од кога е направена населбата, 1964 година на ул.Ѓорѓе Андреевич Кун имаше знак СТОП а ул.Димитар Благоев која ја поврзува нас.Островска со бул.12-та Македонска ударна бригада е со првенство на минување. Кога се реконсруираа улиците, знаците СТОП ги извадија и не ги вратија на нивното место. Сега во моментов (21 часот)има сообраќајна нестреќа автомобил и мотор,пред три дена два автомобили....раскрсницата е постојано со стакла,пластики и моторно масло . Ве молам од мое име и од името на сите мои соседи-жители од ул.Димитар Благоев да се постават соодветни знаци на крстосницата или некако да се реши тој дел да го поминуваме безбедно како пешаци, нашите деца секојдневно поминуваат за на училиште Димитар Македонски кое е во непосредна близина а при секое удирање на возилата- одлетуваат на тротоарот. Се надевам дека за краток временски период ке биде проблемот решен од Ваша страна. Со голема Почит Статус: Одговорено Тип на барање: останато Одговор 11.06.2014 во 09:06:25 Почитувани, Ве замолуваме Вашето барање да го препратите до инфо центарот на Град Скопје со назнака за Сектор за сообраќај, кои ги има ингеренциите за поставување на сообраќајни знаци. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на општина Аеродром. Барањето го препратив и еве го одговорот: Статус на барање : Решен Датум на одговор 25.06.2014 15:01:18 Статус- Решен Одговор Улиците „Димитар Благоев“ и ул.„Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ припаѓаат во групата на сервисни улици и истите се во надлежност на општината во која припаѓаат. СЕ НАДЕВАМ СЕГА НЕШТО ЌЕ СЕ ПРЕВЗЕМЕ ОД ВАША СТРАНА !!!

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

30.06.2014 во 16:11:14

Почитувани,Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека ќе се обратат до фирмите кои ја вршеа реконструкцијата на улицата, за враќање на постоечкиот знак СТОП. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by