08 Мај 2024 - 09:07:35

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

08.07.2014 во 09:36:20

Јас имам стан во стнбена зграда на приземје во нас. Аеродром. Имам извршни одредени доградби (проширувања на затворениот станбен простор) во делот на терасата, лоѓијата и завтарање на една испуштена настрешница, сето тоа со дозвола на станарите. За ова, во даденит рок, поднесов соодветна документација со геодетски елаборат за легализација. Влезот има намера да се изведува термоизолација на фасадата и за таа цел потребно е да ги заменам постојните прозори, врати и стакленици на станот. Прашање Дали со ови измени ги прекршувам чле.2 -алинеа 2 и член 24 - алинеа 2 од ЗАКОНОТ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година Член 2 (2) Предмет на овој закон се бесправните објекти од ставот (1) на овој член на кои до денот на влегувањето во сила на овој закон се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина. VI. Отстранување на бесправни објекти Член 24 (2) Доколку се утврди дека по поднесувањето на барање за утврдување на правен статус се извршени доградби и надградби на бесправен објект за кој е поднесено барањето, ќе се донесе решение за одбивање на барањето за утврдување на правен статус без оглед дали бесправниот објект ги исполнува Ве молам да ми одговорите написмено, дали сега можам (и смеам) да ги изведувам тие зафати или пак затоа што сум на приземје, тоа треба (и можа самостално) да го сторам по завршување на процедурата за легализавија. Во очекување на Вашиот ценет одговор, Со почит, Васил

Статус: Решен
Тип на барање: останато

 
Одговор

08.07.2014 во 15:01:40

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашиот Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина. Од таму Ве известуваат дека потребно е прво да се заврши процесот на легализација на бесправно изградениот дел, па потоа да се врши реконструкција (секако со предходно одобрение) на истиот. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by