04 Мај 2024 - 13:35:50

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.07.2014 во 16:50:44

1. Барање за сечење на неколку дрвја пред зградите АВНОЈ 36, 54 i 56, кои се во навалена положба и при помало невреме би можеле да бидат опасни по материјалните добра на жителите на овие згради но првенствено по жовотот на граѓаните во момент на некое такво невреме, а сведоци сме дека се почесто се случуваат. Не ми е јасно зошто да се чека да дојде до несакани последици кога може многу лесно и евтино да се спречи. Неколку пати е реагирано и барано од поедини граѓани, но без никаков резултат што се чека ... веројатно човечки жртви ? Мислам дека вашиот одговор ми е познат ‚‚ За тоа е одговорен Град Скопје‘‘, а кој ќе биде одговорен доколку дојде до несакани последици и човечки жртви ... дали и тогаш ќе биде префрлање на топката ??? 2. Барање за поткастрување, средување на долните гранки на дрвјата кои се наоѓаат покрај велосипедските и пешачките патеки скоро на целиот реон на општина Аеродром, затоа вака како што е тие се некорисни а пешаците и велосипедистите треба да се движат по улиците. Оваа ситуација не би била ваква доколку советниците претседателот и градоначалникот барем еднаш би се качиле на велосипед и би ја обиколиле Општината. Ова не е подбивање него е реална фактичка ситуација на терен која му пречи на секој СДСМовец, ВМРОвец, Либерал итн. затоа што во културните земји Општината треба да е сервис на граѓаните а не спонзоруша на граѓаните како што и се случува во последните случки со подигање на колите од паркинзите без обзир дали се хаварисани и за во отпад или се исправни само нерегистрирани поради најразлични оправдани причини ( граѓани на привремена работа во странство, граѓани кои не ги регистрираат поради продажба, граѓани кои во моментот не се финансиски способни да одвојат осум па и повеќе илјади ден. за регистрација итн. Ова се само некои од многуте забелешки и барања но веројатно во општината има вработени кои за тоа земаат плата па нека остане нешто и за нив и нивното продуктивно работно време, а на општината и советниците им останува да ги преиспитате и своите последни одлуки. Ова барање е пред се за доброто на граѓаните и општината. Срдечен поздрав и успешна работа.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

14.07.2014 во 14:45:26

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи, како и до нашето комунално одделение. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by