02 Мај 2024 - 00:23:39

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.07.2014 во 11:34:54

Почитувани, Согласно со Вашата информација за проблемот го известив и Водовод и канализација. Дали Вие го направивте истото (дали гоизвестивте Водовод и канализацја) и каква повратна информација добивте од нив? На мојот допис не е одговорено. Зарем само ги информирате без да се заинтересирате што ќе биде преземено од нивна страна и во кој рок. Не заборавајте дека Вие ги штитите интересите на граѓаните на општина Аеродром. Во конкретниот случај зарем нема да преземете активности за решавање на овој проблем на жителите од Владимир Комаров 36? Поздрав Во продолжение како потсетување ја копирав претходната комуникација со Вас. Преглед на барање Барање 14.07.2014 во 21:54:17 Почитувани, Водоводната шахта пред првиот влез на Владимир Комаров 36 веќе со недели е преполна со вода. Поради некомпетентно користење на приклучокот постои опасност од посериозно поплавување. За нефункционалноста при состојба на пожар да не зборуваме. Ургентна е потребата од поправка на приклучокот, нодносно ПОСТАВУВАЊЕ на НОВ ПРИКЛУЧОК. Апелираме за итно постапување. Благодариме Статус: Барањето е проследено до надлежните служби Тип на барање: Фонтана и чешмички за пиење вода Одговор 15.07.2014 во 15:57:40 Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за шахтата да се обратите со ЈП Водовод и канализација, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Фонтана и чешмички за пиење вода

 
Одговор

22.07.2014 во 16:33:02

Почитувани, Ве известуваме дека повторно ќе се јавиме во ЈП Водовод и канализација, бидејќи тие се надлежни. Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by