02 Мај 2024 - 16:19:25

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.07.2014 во 11:54:59

Почитувани, убаво би било да можам да ви ги пратам сликите од депонијата која е направена во ТЦ Лисиче и која секојдневно се зголемува. Сведоци сме на голем број коли и комбиња кои застануваат, го истовараат ѓубрето до контејнерите и заминуваат, не грижејќи се за оние кои имаат деловни објекти и работат во трговскиот центар. Исто и локалното население кое живее во околните куќи ги празни кантите за ѓубре во овој дел, со цел нивните дворови да бидат чисти, а ние - фирмите, иако плаќаме данок секој месец, фирмарини и се што ќе се побара од нас осудени сме да гледаме во депонија. Улицата е до половина со ѓубре, и сообраќајот не може нормално да функционира. Ова е голем проблем за нас како фирма која соработува со странски компании со кои имаме неколку средби во годината. "Има што да видат", за раскажување е, нели? Ве молиме да ги дислоцирате контејнерите од ова место (да се постават на место каде нема можност од создавање на дива депонија) , и да се постави табла со назнака дека е забрането фрлање на секаков вид отпад. Однапред Ви благодарам, и се надевам дека ќе се реши овој за нас голем проблем и нема да се срамиме да поканиме странец да дојде во посета на нашата убава општина.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

24.07.2014 во 15:41:30

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by