03 Мај 2024 - 05:00:53

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.07.2014 во 19:55:54

Почитувани надлежни, Ви се обраќам со барање за сечење на дрво-липа кое се наоѓа пред мојот стан на Бул.В.С.-Бато бр.87-2/2 во нас.Ново Лисиче. Имено, со години наназад имам проблем со влагата во мојот стан, која настанува како резултат на тоа што до истиот воопшто не продира никаква светлина, ниту струење на воздухот поради густата крошна на споменатото дрво. Секоја година се трудиме да ја отстраниме влагата со хемиски средства, а покрај тоа пробавме и со употреба на градежни материјали, но истата постојано се повторува. Поради наведеното, се консултиравме со стручни лица кои наведоа дека на предметниот стан му е потребна светлина, а покра тоа и струење на воздухот, кое нешто е невозможно поради дрвото пред нашиот стан кое со своите гранки во целост ја сопира светлината до секоја соба. Покрај тоа што секоја година финансиски трпиме поради отстранувањето на влагата пропратена со моф, истата ни прави големи проблеми и на нашето здравје. Напоменувам дека јас сум татко на две малолетни деца на возраст од 6 години и 8 месеци, и алергичен сум на полен (за што поседувам медицинска документација). Поради наведеното Ве замолувам да го уважите моето барање и да дозволите сечење на предметното дрво, со што ќе влијаеме на нашето здравје во иднина. За сето наведено предлагам: -увид на лице место -увид во медицинска документација

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

31.07.2014 во 16:20:46

Пошитувани, Ве известуваме дека надлежен за сечење дрвја е Градот Скопје, односно ЈП паркови и зеленило. Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by