03 Мај 2024 - 04:57:23

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.07.2014 во 11:57:51

Почитувани, Во населбата Острово, од пред отприлика 2-3 години се тргнати контејнерите и ставени се канти. Истите треба да бидат празнети од страна на комунална хигиена, во деновите среда и сабота. Но, често се случува тие денови вработените во комунална хигиена да не поминат и ѓубрето се растура на улица од страна на мачки и кучиња. Многу често, нашето ѓубре го ставаме во кола и го фрламе во некој од контејнерите во Аеродром. На пример, во текот на минатата недела, ѓубрено не беше собрано и јас бев приморана во недела 27.07.2014, да го соберам целото ѓубре кое ми се собираше во текот на неделата, да го ставам во кола, истото при тоа истече, ми ја умириса целата кола и да го фрлам во контејнер во Ново Лисиче. Ве молам, или вратете ги контејнерите пак во населбата Острово, како би можеле да го фрламе ѓубрето кога ке имаме потреба или нека се собира на време. Со почит, Павлоска Ана Марија

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

31.07.2014 во 16:15:36

Почитувани, Ве известуваме дека за Вашиот проблем надлежно е ЈП Комунална хигиена. Општина Аеродром се обрати до ЈП и се надеваме дека наскоро ќе го решат проблемот.Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by