02 Мај 2024 - 16:22:00

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.07.2014 во 13:40:21

Ова не е барање туку мое укажување за поголема будност и ангажман на Општина Аеродром во поглед на намалување на ризиците од пренесување и зараза со бактеријата листерија. Во последно време сме сведоци (4 смртни случаи и многумина заболени) со сериозноста на заразата пренесена со бактирајата листерија. Се работи за зооноза (бактерија присутна кај животните), на чија зараза најосетливи се мали деца, трудници и лица со нарушен имунитет и здравствен статус. Со оглед на високата смртност од листерозата, сите општини вклучувајќи ја и Аеродром треба да преземе одредени мерки за намалување на ризикот од зарази. Како прво, решавање на проблемот со преголемиот број на улични мачки. Кај некои згради овој број се движи и до 20-на улични мачки пред зградата, без ветеринарен надзор, хранети со секава храна и најчесто бактериолошки загадена. Што е најалармантно, со овие мачки играат мали деца кај кои хигиенските навики сеуште не се развиени. Ако кон ова го додадам и фактот што овие мачки зимно време спијат во влезовите и вршат нужда, ризикот по зараза не само од листерија, туку и од разни видови на хепатититс и цревни заболувања е повеќе од евидентна. Затоа, потребно е општината во соработка со другите градски служби итно да преземе мерки за заловување на уличните мачки и со тоа намалување на ризикот од појава на инфективни болести.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

31.07.2014 во 16:09:53

Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by