03 Мај 2024 - 01:14:29

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

30.07.2014 во 16:35:08

Почитувани, пред зградата која се наоѓа на бул. Ј. Сандански, бр.76 веќе 30 години постои чешмичка за пиење вода која не е во функција повеќе од 20 години. Пред извесно време се појавија униформирани лица кои ја прегледуваа, ги чепкаа вентилите и слично. Проструи муабет меѓу станарите дека тоа биле вработени од Општината кои дошле да ја проверат состојбата на чешмичката која било планирано повторно да се врати во функција. Дали е точен муабетот не знам, само пишувам што се збори меѓу станарите. Униформираните лица кои после проверката си заминаа, главните вентили од чешмичката не ги затворија убаво. И сега? После неколку дена минимално истекување на водата цеата зелена површина окулу нив екал... тоа и не е некој проблем, меѓутоа огромен проблем е што тука почнаа да се собираат и започнаа и да се ројат пчели и оси... станува збор за стотици. Штета што не можам фотографии да атачирам во прилог на текстов. Би ве замолил доколку може што е можно побрзо да се исшрати некој човек или екипа да се среди работава околу водава бидејќи секојдневно тука си играат голем број на деца од различна возраст. На 3 метра од вентилите кои течат има детско игралиште во кое се слива водата и каде децата до 5 год. возраст воопшто не можат да си играат бидејќи е полно со вода, пчели и оси. Кога сме веќе тука Игралиштето е во катастрофална состојба, љуљашките се испокршени веќе со месеци и никој не поминува да ги замени, среди и сл. Поздрав, Манојловски

Статус: Одговорено
Тип на барање: Фонтана и чешмички за пиење вода

 
Одговор

31.07.2014 во 16:02:00

ПОчитувани, , Ве известуваме дека чешмичките се во надлежност на ЈП Водеовод и канализација. Комуналното одделение на Општина Аеродром ќе ги извести за проблемот. Ви благодариме.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by