02 Мај 2024 - 16:06:45

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.08.2014 во 11:02:06

Почитувани, Ќе ве замолам да дадете детално образложение за ситуациите кои се подлежни на казнување на сопствениците на домашни миленичиња врз основа на Законот за прекршоците на јавен ред и мир. Дали доколку сопственикот го шета своето милениче на поводник, но без маска, повторно може да биде казнет? Исто така, ќе Ве замолам да објавите листа или мапа со локации на канти за измет од домашни миленичиња. Однапред ви благодарам на одговорот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

04.08.2014 во 14:38:57

Во согласност со Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, член 29, според кој кучињата мораат да носат заштитна маска. Имено, според овој член, граѓаните „кои без заштитни средства (маска и слично) без надзор и невнимателно држат кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат или да повредат ќе им се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност“. Исто така, според Законот за јавна чистота, член 33, се изрекува глоба на физичко лице кое „остава фекални остатоци на домашно милениче надвор од садовите за отпад“. Затоа, Општина Аеродром апелира да се почитуваат одредбите на овие закони и милениците да се шетаат со маска, како да се носат кеси за собирање на изметот на милениците со цел да се избегнат непосакуваните законски санкции. На тој начин ќе се заштити и животната средина. Дел од кошнисците за одложување на измет од домашни миленици се поставени на детската улица Тоше Проески..

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by