04 Мај 2024 - 05:43:01

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.08.2014 во 14:51:08

Почитувани, Сметам дека е време општина Аеродором да отвори да вработи лица кои ќе се грижат за исправноста на водоводната мрежа. Имено, пред повеќе од два месеци го актуелизиравме проблемот со истекување на вода од шахта меѓу зградите на Владимир Комаров 36 и 38 (шахтата е постојано полавена и веќе населена со жаби). Одоворивте (веројатно два пати) дека сте контактирале со Водовод за овој проблем. Ако Вашиот збор (барање за интервенција) не вреди ниту грош, зарем не е време да им се заблагодариме на тие неработници и да најдеме наше решение. Претпоставувам дека ваквите информации за шахи кои незатворено течат и имаат жаби како редовни станари му ги презентирате и на Градоначалникот на општина Аеродром. Во спротивно криете важни информации од него кои го рушат неговиот досега неспорно силен ангажман. Ви благодарами и продолжуваме со следење на оваа сега веќе бирократизирана комуникација се додека не се реши посочениот проблем.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Фонтана и чешмички за пиење вода

 
Одговор

13.08.2014 во 15:30:07

Почитувани, Вашето барање повторно е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека повторно ќе се обратат до ЈП Водовод и канализација, со цел, решавање на проблемот. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by