27 Април 2024 - 11:46:17

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

18.08.2014 во 12:03:38

Барање за Увид во предмет за кој сметам дека сум неправилно казнета (шетање на домашни миленици без маска) Во сабота на 16 август во утринските часови околу 8ч. бев запрена од комунални инспектори и полицаец со тврдење дека едно од моите кучиња кое душкаше во тревата извршило нужда. Кога го повикав инспекторот да увиди дали е тоа вистина беше така, и да провери и да се увери дека не е така, веднаш ја смена темата и ми рече дека кучињата не носат маска. Кога му укажав на спогодбата помеѓу Анима Мунди и МВР (договорена на 7 август 2014 год.)дека доколку кучињата не покажуваат агресивност нема потреба да им ставам маски, повторно ми беше укажано дека тоа е само заварување и лага и добив казна во противредност од 50 евра за неносење на маска, која одбив да ја потпишам како лажна и неоснована, под која не подлежи ниту еден член од законот за јавна чистота (освен ако службеникот не вели едно, а прави друго, т.е. ми изрекува казна за вршење на нужда за која нема доказ, ниту слика, ниту чин, само претпоставка и лага). Затоа, за да знам како да реагирам понатаму барам од вас да ми се даде увид во предметот и да видам конкретно врз основа на кој член и закон сум казнета, а како доказ сум подготвена да го приложам договорт на Анима Мунди и МВР, како што и самите знаете еден куп новинарски текстови за промена на овие одлуки во однос на казнувањето. Ова е линкот за спогодбата https://www.facebook.com/notes/anima-mundi-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8/%D0%BC%D0%B2%D1%80-%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%BC%D0%B2%D1%80-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%B4%D0%B8/770530466336527 Со надеж дека ќе се реши ова недоразбирање и ќе има поголема информираност и заинтересираност на самите инспектори, а не игнорантност, го испраќам овој повик до вас и цврсто стојам зад својата одлука и решителност. Срдечен поздрав, Надица Гашоска Арнаутовиќ

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

19.08.2014 во 16:18:15

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Дополнителни информации очекувајте од нив. Контакт телефон 2401-522. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by