03 Мај 2024 - 19:24:04

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.08.2014 во 17:55:31

ОБНОВЕНО БАРАЊЕ на кое немам добиено одговор, Поставено прашање: Почитувани, Во фаза е реконструкција на фасадата во станбената (повеќекатница) зграда во која живеам. Јас имам стан на приземје, а становите во приземје имаат по една издадена соба од габаритот на зградата. За да се изведе фасадата, најверојатно за поставување на скеле и качување и работа на работниците, ќе треба да се користи мојот кров и таванот (како ослонец на скелето) од мојата соба. Дали тоа законски смее да се врши без моја согласност. А ако се согласам, дали ми следува надокнада (нов кров) за кровот од собата,затоа што тој ќе се користи и ќе биде оштетен. Освен тоа дали законски ми следува и кирија за користење на мој имот т.е. таванот од собата.Како тоа да го остварам со изведувачот (договор, нотар и сл.), со финансиска гаранција или депозит меѓу мене и изведувачот (по кој закони и членови). Во очекување на одговоротna на мојот меил, ви благодарам,

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

21.08.2014 во 10:53:49

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека и кровот и дворот на зградата се во сопственост на сите станари... Сето тоа е уредено со правилникот на Вашата заедница на сопственици.. Тоа значи дека проблемот ќе мора да го решите со Вашите соседи. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by