04 Мај 2024 - 06:06:46

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.08.2014 во 17:58:24

ПОВТОРЕНО БАРАЊЕ на кое немам добиено одговор, Почитувани Имам стан на приземје во населба Аеродром, со дворно место кое уште при купувањето на станот во 1983 година, преку тогашниот СИЗ за домување на град Скопје,беше заградено (со бетонска и метална ограда) и пристап до него имам само јас преку мојот стан. Прашање Во какво својство е тоа дворно место и дали јас имам право на трајно користење на истото (само јас го одржувам зеленилото) или пак има некој друг правен статус и условно, какви права и должности имам врз него (се разбира без право на сопственост). Ви благодарам и Ве молам доставете ми одговор преку мојот меил.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

20.08.2014 во 15:35:00

Почитувани,Вашето барање е доставено до нашиот Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина. Од таму Ве известуваат дека за дворното место ќе мора да се обратите до Министерството за финансии, имот и имотно правни работи, како би можеле да добиете соодветни информации. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by