04 Мај 2024 - 06:22:35

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.08.2014 во 11:15:27

Почитувани, Сакам да ја известам надлежната администрација на Општина Аеродором дека на Ул. Тодор Чангов 48 бр.90 има пропаѓање (тонење) на асфалтот како и појава на голема дупка на самиот асфалт и истата состојба со секој изминат ден се влошува. Доколку не се санира афалтот за кратко време улицата ќе биде непроодна за моторни возила како и оневозможен пристапот на жителите од оваа улица до својте домови. Истовремено сакам да укажам дека ваквата состојба на асфалтот е опасност за децата и истата веќе предизвика немил настан при што беше тешко повредено дете. Со ова известување истовремено барам надлежната администрација да излезе на терен да ја констатира фактичката состојаба и во краток временски рок да ја санира состојбата. Со почит, Фоти Видинов Жител на гореименуваната улица

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

20.08.2014 во 15:26:22

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека прекопот е направен од страна на ЈП Водовод и канализација, поради санирање на водоводната мрежа. Оштетувањето треба да биде санирано од нивна страна , за што повторно ќе бидат известени од Општина Аеродром. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by