04 Мај 2024 - 06:16:37

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.08.2014 во 18:12:45

Во нашата зграда од 8+1 кат во нас. Аеродром, изградена во 1983 год. лифтот ни е во целосен застој и сперед одржувачот на лифтот МАК ЛИФТ од Скопје, ќе биде неопходна поголема реконструкција на електрониката, електриката и механиката на лифтот.Од причини што веќе сме во подготовка на поставување на термофасада и реконструкција на кровот, овој изненден поголем издаток за лифтот ни е преголем залак, што практички не сме во можност да го поднесеме (чекаме дефинитивна понуда од сервисерот). Прашање Дали во општината се предвидени средства за одредено кофинансирање или кредитирање за вакви поголеми неопходни санации за ваши граѓани и објекти од општината. Со почит, Заедница на сопственици на станови од зграда на Бул. Ј. Сандански бр.83, влез 1

Статус: Решен
Тип на барање: останато

 
Одговор

21.08.2014 во 10:58:28

Почитувани, општината нема одвоено средства за вакви проекти, бидејќи истите не се во нејзина надлежност... Реконструкцијата на лифтовите е надлежност на Заедниците на сопственици... Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by