28 Април 2024 - 01:59:43

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.08.2014 во 11:54:45

Почитувани, пред неколку месеци направен е прекоп на улиците до самото ново фудбалско игралиште во Реонски Центар Аеродром што ја спојува оваа населба со населба Лисиче( до авто сервисот БИК трејд). Тој прекоп требаше одамна да се асфалтира и врати во нормала. Вака калта и песокот секој ден се разнесува насекаде и последиците веќе подолго време ги трпиме. Прашина и кал ни се секојдневие. Ве молам тој прекоп кој вие го направивте за канализација и водоводни цевки најитно и да го санирате. Исто така да ги пратите службите за хигиена да ја изметат улицата која е полна со земја и песок.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

25.08.2014 во 15:36:34

Почитувани,Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека фирмата која го направи прекопот е веќе известена и очекуваме набрзо истиот да биде саниран. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by