29 Април 2024 - 05:22:16

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

02.09.2014 во 17:05:47

Почитувани, Јас живеам во Ново Лисиче, Општина Аеродром на бул. Видое Смилевски Бато број 11 влез 1. Би сакал да го добијам Вашето внимание за игралиштето што се наоѓа помеѓу трите кули и стопанска банка во паркот. На игралиштето има 2 гола и 2 коша. Како татко на 2 малолетни деца и како човек што спортува, Ве известувам и замолувам за следното: - игралиштето е осветлено со 4 рефлектори кои имаат осигурувачи поставено на секој столб кои се на дофат на рака. Капаците на столбовите се отворени и осигурувачите се на дофат на рака и подложни на надворешни влијанија. - Главниот довод на струја на овие 4 рефлектори доаѓа од една разводна кутија што се наоѓа пред еден од влезовите во игралиштето. Истиот е затворен со решетки меѓутоа капакот е отворен и прекинувачот за струја е скршен или пропаднат па така да децата кои најчесто го користат игралиштето кога светлото е исклучено го притискаат со стапче со цел да ги уклучат рефлекторите. Предупредувајќи ги децата да не чепкаат во струјата едно дете ми рече дека го „здрмало“ малку струја еднаш. Ве молам за Вашето внимание да се избегне несреќен случај да се направи на начин што 4 рефлектори ќе светат од моментот кога ќе се уклучи уличното осветлување се до 23.00 или 23.30 часот, да не се остава да свети светлото цела ноќ затоа што децата што играат покасно сметаат на околните станови во доцните ноќни часови. Доводот на струја да биде заклучен и осигурувачите на столбовите да бидат ставени на соодветното место и исто така затворени. - Игралиштето е заградено со жица, на некои места жицата (позади головите и на едно друго место) е искината и со оглед дека се работи за плетена ограда веднаш се отвора дупка. Видливи се неколку дупки на оградата кои е потребно да се затворат. - Головите имаа убава мрежа меѓутоа со текот на времето, користењето на игралиштето како и надворешните влијанија мрежата е искината и полна со дупки. Моето 3 годишно дете кога ќе ја шутно топката во мрежата многу често знае да се заглави во мрежата при обидот да ја извади од голот. Ве молиме да ја смените мрежата на головите и да се намести нова мрежа која ќе може да се користи. - Мрежата на кошовите беше исто така искината и висеше. Јас лично донесов скала и колку што можев ја заврзав за обрачот да може да се игра кошарка, меѓутоа тоа е привремено решение. Со оглед дека е забележително дека Општина Аеродром на одредено време ги менува мрежите на кошовите во населбата, Ве молиме да ги смените мрежите и на кошовите. - Бекатон плочките што се наместени околу игралиштето во самото игралиште во должина од десетина метри се извадени на едно место. Ве молиме истите да бидат поставени на место пред некое дете да се повреди со истите. Заради некои несовесни лица дел од плочките можат да се пронајдат и надвор од игралиштето. Со оглед дека Општина Аеродром се грижи за населението, Ве молиме за Вашето внимание со цел да биде подобрена состојбата со игралишетото. Општината треба да ги превзема сите обврски не само за градбата туку и за одржувањето на игралиштата. Заради Ваше информирање игралиштето се користи и секогаш има деца што спортуваат. Меѓутоа, на самото игралиште многу често можат да играат и кошарка и фудбал што значи си сметаат едните на другите. Доколку има можност, подобро ќе биде да се направи уште едно исто такво игралиште до ова, раздвојувајќи ги фудбалот и кошарката. Едното да биде само за фудбал и другото само за кошарка. Ви благодарам за Вашето внимание, во исчекување на Вашиот одговор и превземени мерки. Роберт Џамбазов,

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

04.09.2014 во 16:05:14

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Вие сте разговарале со нив и сте добиле соодветни одговори. добиле сооВи благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by