02 Мај 2024 - 07:37:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

03.09.2014 во 14:01:40

Почитувани, Ви се обраќам со молба да се реши долгогодишниот проблем со кровната конструкција од зградата во која живеам лоцирана на булевар Јане Сандански бр.84 влез бр.3. Јас, како станар на последниот (седми) кат од наведената зграда, долги години сум принудена сама да вршам поправки на покривот.Но проблемот со течење на вода по ѕидовите од мојот стан постојано се јавува.Од истото се засегнати и останатите станари од седмиот кат. Повеќе пати куќниот совет од нашиот влез се состанува, но не успеваме да најдеме заедничко решение на горливиот проблем. Од таа причина, најљубезно Ве молиме Ваши стручни лица одговорни за оваа проблематика, да дојдат и направат увид на лице место, како би помогнале во разрешувањето на истата. Во очекување на Вашиот одговор. Виолета Гочевска

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

03.09.2014 во 16:15:35

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека кровот на зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво. Доколку имате дополнителни прашања можете да се обратите до нашиот инспектор за домување и да го контактирате на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by