05 Мај 2024 - 03:56:31

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.09.2014 во 22:13:00

Почитувани, Ние, станарите од Реонскиот центар Аеродром имаме барање до Општината наместо поставениот крупен песок, да се постави друга подлога на детското игралиште, лоцирано помеѓу новите згради на Јавното станбено претпијатие ( од бр.3.2 до 3.8), затоа што не е добар за здравјето, безбедноста и хигиената на нашите деца. Доколку сте во можност, би Ви биле благодарни ако во најкраток рок се изврши замена на песочната подлога со соодветна синтетичка подлога, во интерес на децата, кои секојдневно го користат детското игралиште. Со почит, Јасминка Ангелова

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

09.09.2014 во 12:44:31

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве информираат дека тоа игралиште неодамна го изработи Јавното стамбено претпријатие и затоа Општина Аеродром за оваа година нема планирано средства за негова реконструкција. Затоа, најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив за соодветна корекција. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by