02 Мај 2024 - 04:34:16

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.09.2014 во 13:39:11

Почитувани, Јас сум претседател на куќен совет во зграда (11-1) во Ново Лисиче бул. Видое Смилевски Бато 11. Помеѓу влез 1 и 2 каде што живеам во зградата има бутик „Store“ на приземје. Бутикот има тоалет. Од тоалетот капе вода во подрумот под бутикот. Дневно околу 30 до 40 л. вода тече во подрумот. Констатирано е дека кога работи дуќанот и кога е издаден тече вода под дуќанот во иста линија во подрумот. Во вецето налепени се плочки позади кои се слуша капење на вода. По цевката за довод на вода се слева водата во капки и капе во подрумот.Во подрумот каде што тече водата има ставено кофи и се собира водата, меѓутоа останатите подруми се исто така поплавени од водата. Неколку пати се обидовме да стапиме во контакт со лицето што го држи под кирија дуќанот но вработените велат дека не е тука, по роба е отиден, ќе му пренесеме, но залудно. Со оглед дека претрпуваме штета од водата што протекува од вецето од бутикот и бидејќи повеќе пати е предупреден да го санира проблемот, Ве молиме Вашите комунални инспекции (санитарни) итно да превземете соодветни мерки кон бутикот со цел да се предупредат и евентуално во најкраток рок да го отстрани проблемот. Ве молиме за повратна информација во врска со превземените мерки. Доколку Ви требаат дополнителни информации, Ве молиме контактирајте ме на телефон. Ви благодариме за Вашата поддршка во решавањето на нашите проблеми. Со почит,

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

11.09.2014 во 15:51:15

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека подрумот на зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво. Доколку имате дополнителни прашања можете да се обратите до нашиот инспектор за домување и да го контактирате на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by