03 Мај 2024 - 02:22:00

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

13.09.2014 во 19:29:21

Во катната гаража,во општина Аеродром,при влез од левата страна има обележан паркинг простор наменет исклучиво за лицата со посебни потреби.Лично јас сум такво лице, но неможам да се паркирам со возилото на тоа место бидеејќи местото е узурпирано од лице кое не е со посебни потреби и морам возилото да го паркирам доле во подрум и да чекам 20-30 мин.додека дојде некој за да ме искачи по нагорницата .На мое прашање до вработените во гаражата,зошто дозволувате возилото да го остава тука,ми велат,што да правиме ,функционер е,виша сила.Јас знам дека само Господ е виша сила и никој друг.НИКОЈ.Последен пат ја користев услугата во гаражата на 5-09-2014,замеслете господинот функционер си поставил барикада за да некој не му го завземе местото.Јас лично следниот пат при користење на паркингот ќе ја отстранам препреката,па да го видиме тој функционер кој е ,што е,што си дозволува да ги крши законите.А,вие како општина,секако треба да си поведете постапка за да утврдите зошто се дозволува узурпација на тој паркин простор и од кого! Со почит: Стојановски Трајче

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

16.09.2014 во 15:16:35

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека оваа катна гаража е во приватна сопственост, па затоа најљувезно Ве замолуваме, за Вашиот проблем да се обратите до инвеститорот на зградата. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by