05 Мај 2024 - 22:54:39

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

15.09.2014 во 17:47:24

Почитувани, Како жител на населба Мичурин, секојдневно се соочувам со проблемите кои ги имаме сите во оваа мала, но пренаселна населба. Во таков спој на (не) култури од сите најмали и непознати краишта на нашава убава Македонија нормално е да испливаат на површина навиките кои се донесени од најмалите и неоткриени предели на нашава Македонија. Да не должам со увод, на паркингот помеѓу зградите 15 на В. Мачуковски и 20 на ул. Анастас Митрев, се паркираат возила од целата населба. Во таков хаос на недостиг на паркинг места, постои едно хаварисано возило, кое е собиралиште на уличните мачки и кучиња и извор на зараза. Ве молам за продолжување на акцијата за собирање на на ваквите отпадоци и извор на зарази. На хаварисаното возило има рег таблички SK 333 FJ. Се надевам, горенаведенниов отпад, во најскоро време ќе биде тргнат од паркингот а со тоа ќе се ослободи место за уште еден дојденец од убавите предели на Нашата преубава Држава.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Хаварисани возила, како и возила кои се користат како магацински простор

 
Одговор

17.09.2014 во 14:53:06

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by