01 Мај 2024 - 03:46:09

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.09.2014 во 15:25:55

Почитувани, Ви се обраќам на Вас, бидејќи од ЈСП не добив никаков одговор а мојата забелешка ниту ја објавија на нивната страна. Се работи за возниот ред на автобусите 7 и7б. Имам забелешка за возниот ред на автобусите 7 и 7б посебно во попладневните часови по 17,30 часот. И двете ги има на половина час и тоа возат еден по друг едниот полн а другиот празен некаде од центар или Црвен крст. Ако се пропуштат тие се чека повторно половина час за другите кои повторно се еден по друг со многу мало растојание или буквално еден по друг. Дали може да се направи некоја корекција во возниот ред по 17,30 за да не се случува двата автобуси да се среќаваат а потоа да нема подолг период. Ова е текстот кој неколкупати го пуштав на нивната страна , но одговор не добив. Ве молам доколку сте во можност како општина во која сме ние жители да излезете во пресрет на ова барање, бидејќи многумина се согласуваат и се соочуваат со овој проблем. Однапред Ви се заблагодарувам. Со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

16.09.2014 во 15:47:40

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за возниот ред на автобусите во Градот Скопје да комуницирате со ЈСП , бидејќи тие се надлежни за сите автобуси во Градот Скопје, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by