29 Април 2024 - 09:48:02

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.09.2014 во 10:10:47

Почитувани, Сакам да ја известам надлежната администрација на Општина Аеродором дека на Ул. Тодор Чангов 52 по должина на целата улица има пропаѓање (тонење) на асфалтот како и појава на големи дупки на самиот асфалт со што канализационите шахти се испакнати од асфалтот.Истата состојба со секој изминат ден се влошува. Доколку не се санира афалтот за кратко време улицата ќе биде непроодна за моторни возила како и оневозможен пристапот на жителите од оваа улица до својте домови. Истовремено сакам да укажам дека ваквата состојба на асфалтот се должи на неквалитетно изведување на фекалната канализација од страна на изведувачот од причина што за неполна година од поставување на истата и асфалтирање на улицата таа денес е опасност за децата и истата веќе предизвика немил настан при што беше тешко повредено дете. Со ова известување истовремено барам надлежната администрација да излезе на терен да ја констатира фактичката состојаба и во краток временски рок да ја санира состојбата.Ако ми одговарате дека надлежен за проблемот е Водовод и Канализација можам да ви приложам одговор од нивнастрана каде с оградуваат од одговорност за истоимената улица. Мислам дека е крајно време да превземее нешто околу овој проблем кој можам слободно да кажам дека постои на сите улици во нас.Г.ЛИСИЧЕ кој според одговорите на сервисов само вие како ОПШТИНА НЕ ГИ ГЛЕДАТЕ А СЕ ПОВЕЌЕ ОД ОЧИГЛЕДНИ, Со почит

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

22.09.2014 во 13:51:16

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Бараат решение за проблемот посочен од Ваша страна. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by