07 Мај 2024 - 01:32:54

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.09.2014 во 18:04:21

Почитувани, Дали постои начин да се спасиме од зараза од изметот пред нашата куќа а повремено и во нашиот двор од мачките на соседот. Имено соседите спроти нас чуваат 4-5 мачки, а што се однесува до начинот на кои вршат нужда не превземаат ништо. Секојдневно се соочуваме со еден куп измет до самиот раб на нашата ограда од страна на улицата а понекогаш и во нашиот двор. Неколкупати тревникот ни беше на места изгорен од изметот. Да не кажам дека имаме мали деца кои секојдневно се надвор, несакам да помислам што може да се слуци доколку случајно дојдат во допир со изметот на мачките, ненамерно. Знаеме сите колкав извор на зараза е тоа. Од друга страна што сме должни ние секој ден да метеме и собираме измет од мачки кои не се наши. Соседите одбиваат на било каква соработка за да превземат мерки да ги научат нивните мачки да вршат нужда на соодветно место. Кај нив преку цел ден е пуштено куче во дворот од кое мачките бегаат и секако нив им е чист дворот. Ве молам доколку има соодветни надлежни органи за домашни миленичиња да превземат нешто во врска со мојов проблем. Благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

30.09.2014 во 13:47:31

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи.Од таму Ве известуваат дека за грижата од зараза можете да се обратите во санитарната инспекција, а исто така можете да се обратите и до судските институции, со тужба за навлегување во приватен простор. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by