06 Мај 2024 - 13:29:05

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.09.2014 во 21:04:38

Почитувани. Овој проблем се провлекува речиси 2 години.Ул.Богомилски Поход преку целата должина е прокопана на одредени места, со што се попречува нормалното движење на возилата.Најголема дупка и прекоп е направен пред број 53, поточно пред мојот влез , каде секојдневно не само јас со моето возило што имам проблем, туку и сите возила што поминуваат по оваа улица. Пак ќе напоменам дека оваа дупка и овој проблем се провлекуваат скоро 2 години. Ве молам за одговор и се надевам дека надлежните служби во Општина Аеродром ќе го решат овој проблем и ќе се изврши санација на ударните дупки.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

30.09.2014 во 13:44:52

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by