06 Мај 2024 - 15:32:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.09.2014 во 23:02:47

Почитувани, Ве молам за интервенција на надлежните служби во Општина Аеродром на ул.1612 (Реонски Центар Аеродром) и спречување на претворање на парцелата до ОУ Александар Македонски во депонија со шут и отпад. Имено во парцелата која е прекриена и обрасната со трева, се исфрла шут и отпад иако е забрането со закон. Шутот е видлив и се зголемува од ден на ден, и е веднаш до тротоарот спроти зградите. Воедно би сакал да добијам информација што се планира со парцелата до ОУ Александар Македонски, дали ќе се прави средно училиште согласно ДУП или можеби некој парк, и кога ќе се оплемени ова место до ОУ Александар МАкедонски . Поздрав,

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

30.09.2014 во 13:40:51

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. За средното училиште ќе мора да се обратите до администрацијат на Град Скопје. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by