07 Мај 2024 - 01:35:04

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.09.2014 во 12:01:12

Почитувани, Ве контактирам во врска со еден голем проблем кој со години ние жителите од улиците Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов се соочуваме. Се работи за улицата која ги поврзува овие две улици (која поминува покрај ресторан Мирко) со булеварот Фебруарски поход или АСНОМ по ново ( не сум сигурна). Проблем е што со години е забрането, има две полни ленти за приклучување од Лисиче кога се оди накај Центар. Единствен начин за приклучување на булеварот е да одиме на блискиот паркинг (поранешна последна 5), да свртиме круг и тогаш да продолжиме накај Центар. Ова е проблем кој ние го имаме преку триесет години и за кој сите сме платиле најмалку по една казна, но не е голем проблем за новите згради (од страна на рамстор) кои беа изградени пред една година и кои веднаш се поврзаа со булеврот. Инаку се работи за најмногу десет згради а на Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов живеат преку 40.000 жители и тоа е проблем кој што несакате да го решите. Каде да се обратиме? Друг пат за накај Центар немаме...

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

29.09.2014 во 15:21:11

Почитувани, промената на сообраќајот на булеварите во Градот Скопје ги изврши администрацијата на Град Скопје, Сектор сообраќај. Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by