28 Април 2024 - 21:54:16

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

01.10.2014 во 14:35:31

Почитувани, Веќе 1 месец на паркингот позади Веро Аеродром, веднаш до зградата на рударски институт, се вршат припремни ископи на земја за изградба на објект. Во врска со ова, ме интересира: - Дали сме должни да ја дишеме прашината од огромните натоварени камиони што можеби поминале досега на 1000 пати? На улицата се прави толкава огромна трага од кал и после сушење прашина, а вработените со две најобични четки ќе ја протуркаат наоколу демек чистеле. Знам дека по закон за градба постои обврска да се исчистат гумите од камионот, но тоа не го прават. НЕСМЕЕ да дозволите, како општина, да почнат да градат без да приклучат вода (која не е донесена сеуште) и да не ги чистат гумите. - Заради градилиштето, узурпирани се над 10 паркинг места, а и друигте паркинзи се загрозени бидејќи големите камиони неможат да поминат па неретко се прави гужва. Како ќе ги надокнадите во моментов овие 10 места за да можам како жител ос дозвола за паркинг да паркирам ? - Паркинг улицата неможе да ги издржи оптеретувањата од камионите полни со земја. Знам дека тие носат и над 10 тони, над дозволеното, но никој не ги контролирал досега, а асфлатот пред веро веќе почна да се набабрува. Ве молам решето го ова што побргу.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

01.10.2014 во 15:01:31

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by