29 Април 2024 - 06:41:04

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.10.2014 во 15:53:37

Согласно надлежноста за пристапните улици / инфраструктура кои се градат за потребите на новите згради на ул. Васко Карангелески - во непосредна близина на Воениот Базен, ме интересира: 1. Кога се планира да се завршат во целост? 2. Дали веќе изградената инфраструктура (улици, паркинзи) ќе бидат прописно обележани со соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација? Во мометов владее хаос создаден од страна на соседите кои непрописно се паркираат и при тоа блокираат приватен имот и пристап до надземни и подземни паркиралишта! 3. Зошто на Ул. Новопроектирана 1 не е изведена пешачка патека? Пешаците се принудени да се движат по коловозот помеѓу непрописно паркирани возила! 4. Кој ќе сноси одговорност за оштетувањето на инфраструктурата кое го прават изведувачите на недоградените објекти? 5. Кој е надлежен да ги санкционира изведувачите кои создаваат депонии од шут и смет надвор од градилиштето, и ги валкаат улиците со огромни количини на кал? Однапред ви благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.10.2014 во 15:42:58

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека 1.во тек се градежни активности за изградба на атмосферска канализација во блок 2. Рокот за изградбата на канализацијата е до 10.11.2014. По изведбата на канализацијата ќе се отпочне со подготвителни работи за изградба на улиците и тротоарите. 2.во најскоро време ќе се изврши обележување на изградените улици и паркинзи. 3.пешачка патека нема да се изведува, затоа што не е предвидена според ДУП. 4.инвеститорите на објектите кои се во изгрдба се должни работите да ги вратат во првобитна состојба. 5.надлежно е одделението за инспекциски работи при Општина Аеродром и истото е известено за проблемот посочен од Ваша страна. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by