29 Април 2024 - 14:58:54

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.10.2014 во 23:32:31

Здраво, ме интересира дали и кога општинската администрација на чело со градоначалникот и претседателот на совет, ќе почнат да се интересираат за аеро загадувањето кое е најизразено во општина Аеродром од сите Скопски општини,и дали планираат да преземат мерки кои се во нивна надлежност за да престане ова агонија на сите жители?Дали погоре споменатите ги знаат последиците од штетните честички и дали уопште размислуваат дека за неколку години Аеродром ќе стане масовна гробница,па во парковите кои се прават ќе никнуваат гробови? Доста само седите немо и не се грижите за квалитетот на животот на граѓаните,извршете притисок зашто сте на позиција од која може тоа да го направите,ако сакате да ја стекнете довербата на граѓаните! Поздрав, Филип

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

17.10.2014 во 15:16:15

Почитувани, Вашето барање е доставено до Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина. Од таму Ве известуваат дека за овој проблем Општина Аеродром во повеќе наврати ги контактираше надлежните институции во РМ (министерство за животна средина и пп, МВР..). Затоа, за поконкретен одговор Ве молиме да се обратите до нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by