27 Април 2024 - 18:31:09

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

19.10.2014 во 18:43:51

Почитувани ме интересира што треба ние станарите од населба Мичурин да направиме за да ги решите нашите проблеми со кафаната Рулет клуб. Работен ден, празник, викенд постојано немаме мир, од раните утрински часови па се до 01 часот после полноќ, а многу често и покасно. Кога ќе дојдеме дома од работа наместо да одмориме како луѓе ние или слушаме музика или слушаме вреви од кафаната, а навечер треба да чекаме да затвори кафаната за да ние и нашите деца кои утредента се на училиште можеме да заспиеме. Неколку пати е интервенирано усно и писмено до општината со потписи од станарите но иако од тогаш има поминато неколку години се е по старо. Како дополна на горенаведеното да посочам дека и места за паркирање нема бидејќи гостите од кафаната се паркираат на нашите места. Возилата мораме да ги оставаме каде ќе најдеме место, по тротоари, зелена површина и т.н., па многу често се случува пајак службата да помине и да ги собере. Дали е можно улицата Симеон Кавракиров да се направи еднонасочна и да се воведе зонско паркирање со што целосно би се решил проблемот со паркирањето долж целата улица ? Ве молиме да го решите проблемот бидејќи кафаните во општината се надлежност на општината колку што го читав законот, но доколку вие не можете да го решите проблемот ќе мора да се обратиме до повисоките органи во државата почнувајќи од град Скопје па нагоре се додека не најдеме некој компетентен.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

20.10.2014 во 14:56:12

Почитувани, Вашето барање повторно е доставено до нашето одделение за инспекциски работи, контакт телефон 2401-522. За промената на режимот на сообраќајот во Градот Скопје е надлежна администрацијата на Град Скопје. Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by