29 Април 2024 - 15:57:51

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.10.2014 во 09:27:29

Во Зграда на бул.Видоре Смилевски Бато бр.12 во услови кога надворешнататемпература сае движи околу нулата, нема парно греење. Ве молиме ИТНО да ги преземете сите мерки од Ваша надлежност со цел да се пушти парното греење. Причината за исклучување на парното греење е поради „Неплатени сметки за потрошена струја на топловодната потстаница“. Согласно одредбите од Законот за домување и Договорот за взаемни односи, обврската за наплата на надоместокот и плаќање на втасаните обврски е исклучиво во надлежност и обврска на Управителот. Ве известуваме дека се обративме и до Управителот „Станбен сервис Бизниск Центар“ ДОО и до Регулаторната Комисија за домување. Очекуваме и Ваше вклучување во разрешување на овој проблем.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.10.2014 во 14:15:39

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека парното во зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво. Доколку имате дополнителни прашања можете да се обратите до нашиот инспектор за домување и да го контактирате на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by