29 Април 2024 - 18:24:04

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.10.2014 во 07:17:16

Почитувани, Во моментот се асфалтира нова улица ,,1616,,- Ново Лисиче(наспроти кулите Џевахир скај сити). На преостанатиот неасфалтиран потег кој во моментот е тампониран(должина од околу 50 м- од пред зградата бр. 4 до булеварот Србија) не се предвидени сливници(шахти) за одвод на атмосферските води. Ве молиме да го проверите проектот и да извршите интервенција во смисол на планирање и поставување на сливници пред споменатата зграда бр.4. Одпаред благодарен... Со почит... Зоран Спасевски

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.10.2014 во 13:50:12

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека оваа активност се изведува според однапред изработен и одобрен проект. Доколку сакате можете да се обратите до нашето комунално одделение и да направите увид во истиот. Телефон за контакт 2401-533. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by