29 Април 2024 - 15:02:20

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.10.2014 во 14:05:29

Пријава Од Тања Коцевска со стан на ул:„Пандил Шишков“ бр.4-1/9 Скопје Со оваа пријава ги изнесувам неправилностите на претседателот на куќниот совет во зградата во која што живеам. Години наназад редовно плаќам допринос за одржување на влезот во износ 500 ден месечно. Никогаш не сме добиле известување (оттчет) за што се потрошени тие пари, дури и кога енергично инсистирам да ми се поkажат сметките. - Во зградата не се отклонуваат никакви дефекти, дури и сијалиците на спратовите сами ги ставаме – местиме. Влезната врата со месеци не функционира (нема квака и не се затвара). Во влезот висат електрични кабли кои никој не ги отстранува. Од деловните простори се прават приватни живеалишта на кои се доградуваат метални конструкции кои го нарушуваат надворешниот изглед на зградата. Истотака се отвараат прозорци од страна каде е предвидено да се гради друга зграда (лепенка). - Иако сите можни дукументи уредно ги предадовme на претседателот на куќниот совет, сепак приватизација на земјиштето сѐ уште не е извршено. - Поплочување пред влезот – односно обновување на плочките се изврши од приватен мајстор (без фискална или било каква сметкопотврда.) Нам усно ни е пренесено дека на рака е дадено 200 евра – но за тоа никогаш не видовме никаква белешка како и за ништо друго. Молам да се испита работата на претседателот на куќниот совет - Горан Јосифовски стан бр. 34 на гореспоменатата адреса, или да ме упатите до надлежните органи кои се одговорни за неговата работа и контролата на нашите сретства со кои тој располага години наназад. Тања Коцевска Контакт тел: 070 256 436 Меил: tanjacuci@yahoo.com

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

29.10.2014 во 15:40:06

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи и ќе се преземат сите законски мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by