01 Мај 2024 - 16:29:26

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.11.2014 во 22:51:09

Почитувани, Многу ми пречи дрскоста на некои сопственици на возила кои нон стоп ги паркираат колите на следниве три места на паркингот на ул. бул. Јане Сандански 96 т.е. по должината на целиот паркинг: 1. местото означено за инвалиди 2. местото прешкртано со X 3. попречно на самиот пешачки премин Со ова, го попречуваат слободното движење на пешаците како и можноста на некое лице со инвалидитет да паркира најблиску до патеката од зградите. Од јавното претпријатие “Паркинзи“ имам приметено дека воопшто не преземаат никакви мерки према вака паркираните возила и со тоа дозволуваат нови граѓани да си земат за слобода и непрописно да ги паркираат своите возила. Ве молам за регулирање на непрописно паркираните возила и воведување ред. Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

11.11.2014 во 14:22:15

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека со овој паркинг стопанисува ЈП Градски паркинг и тие треба да го регулираат паркирањето на возилата на него. Затоа, најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by