29 Април 2024 - 08:19:20

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

15.11.2014 во 13:57:35

Почитувани, Како претседател на ЗС станбена зграда на бул.Кузман Јосифовски-Питу бр.15/1 (прв влез веднаш над ракометна федерација) со ова поднесувам иницијатива за засадување на иглолисни садници (пожелно со старост над 6-7 г. и висина над 1.5м-потполно исти и по вид и по големина како оние што се засадени во средниот појас на булеварот К.Ј.Питу и Јане Сандански) на затревен дел пред нашиот влез со големина од 150-200м2. Се работи за зелен појас помеѓу влезот и велосипеската патека во насока кон булеварот К.Ј.Питу и влезот и сервисната улица која го спојува булеварот со улиците Бојмија и Владимир Комаров. Нашата желба како Заедница на сопственици е овде да засадиме 5-6 иглолисни дрва и 3-4 грмушки (иглолисни или листопадни) и по можност да поставиме 2 клупи за седење. Моментално (и во последните десетина години) оваа површина е затревена и по неа се поминува за да се скрати патот на движење. Во неколку наврати посадивме мали садници-20-30цм со акциите за денот на дрвото, но истите или се исушија или ги искршија и украдоа. Затоа сега сакаме да посадиме т.н. школувани садници и за тоа сме подготвени како крајно заинтересирани да инвестираме средства во висина до 6.000 денари и работна рака, и нормално по можност со Вас како општина заеднички ја оствариме целта да го облагородиме овој простор. За истото како што е наведено погоре потребно е да се обезбедат садниците и доколку сте во можност, но е и задолжително-2 клупи за седење. Со истиов предлог пред извесно време писмено се обративме и до ЈКП Паркови и Зеленило и во очекување сме на одговор. Поздрав и однапред Ви се заблагодарувам на одговорот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

20.11.2014 во 16:00:41

Почитувани, можете да дојдете во Општина Аеродром, и тоа секој понеделник или вторник, од 9 до 11 часот, во Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина и да добиете соодветна информација. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by