27 Април 2024 - 09:24:51

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.11.2014 во 14:28:09

Барање бр. 3: 1. 27.08.2014, 2. 11.11.2014 Почитувани, Поаѓајќи од себе и мојот систем на вредности кој ми вели: „Кога нешто ќе ветиш, исполни го. Ако не знаеш дали можеш/сакаш, не ветувај!“ ве повикувам да ја посетите локацијата за која станува збор - Коста Новаковиќ 1а/1. Таа се наоѓа на 300 м од вашите работни места. Дојдете, видете и констатирајте дали би сакале околината на вашето живеалиште да изгледа така како што сега изгледа нашата. Повторувам, зеленилото беше ОФОРМЕНО од станарите на зградата, а општината повремено го одржуваше, за што сме благодарни. Тоа зеленило е сега уништено од фирмите кои работеа за градот/општината при изградбата на булеварот 3. Македонска Ударна Бригада, но најмногу од се' од фирмите кои изведуваа зафати за БЕГ, ЕВН, како и телеком/тв операторите. Иако се работи за зафати од поширок општествен интерес, со оглед на тоа дека тоа можеше да биде изведено со многу помали оштетувања, повторно ве прашувам: Дали имате намера вие како општина која треба да биде наш базичен, граѓански сервис од локален карактер, да сторите нешто (и ако ДА, кога?) или да побарате од комерцијалните компании кои учествуваа во уништувањето да вратат барем дел, колку е возможно , од зеленилото во барем поднослива состојба. На веб страната на граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром за моето (повторено) прашање стои: Одговорено. Дозволете да ве потсетам дека прашањата не постојат заради одговорите, туку заради АКТИВНОСТИТЕ кои треба да произлезат од граѓанските иницијативи. Благодарам. Митко Керамитчиев, Скопје, Косата Новаковиќ 1а/1

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

21.11.2014 во 15:42:51

Почитувани, Почитувани, можете да дојдете во Општина Аеродром, и тоа секој понеделник или вторник, од 9 до 11 часот, во Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина и да добиете соодветна (конкретна) информација. Контакт телефони: Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина 2401-545, Одделение за инспекција 2401-522 и одделение за заштита и унапредување на животната средина 2401-552. Ви благодариме што повторно го користите граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by