30 Април 2024 - 22:50:30

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

28.11.2014 во 19:21:47

Почитувани наши претставници во Општина Аеродром! Станар сум на адреса бул. Јане Сандански бр. 12. Зграда која во моментот користи паркинг простор кој е БЕСПЛАТЕН. Поради самиот факт што овој паркинг е бесплатен веќе подолг период ние станарите кои го користиме овој простор за паркирање Сме обесправени и имаме голем проблем. Ве замолувам како наши избраници да покренете постапка за воведување ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ на оваа локација. Со воведување на зонското паркирање ние станарите би имале минимален трошок, за разлика од сегашната состојба каде имаме голем проблем со паркирањето. Паркингот е нападнат од станари кои сега се вселени во новите згради на АДОРА зградата, а сега и од станари во зградата ГОЛДЕН АРТ каде паркинг просторот кој е изграден за овие станари од инвеститорите е наменет само за станари кои си купиле паркинг простор, а останатите се паркираат на паркингот од зграда 12. Паркингот е нападнат и од Локалите кои се наоѓаат на спротивната страна од булеварот Ј.Сандански, поточно од локалите кај слаткарницата Палма каде што има зонско паркирање и самите гости ги паркираат своите возила на паркингот од зграда 12. Се надевам дека ќе го разгледате сериозно овој наш проблем и во брзо време би излегле со конкретно решение за задоволување на основната потреба СТАВАЊЕ РЕД ВО ОВОЈ ДЕЛ ОД ОПШТИНАТА. Однапред Ви Благодарам Сашко Ѓорѓиев

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

02.12.2014 во 10:22:36

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека поставувањето на зонско паркирање на паркиралишта на Општина Аеродром го врши ЈП Градски паркинг. Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by