07 Мај 2024 - 02:40:15

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

03.12.2014 во 21:11:32

Почитувани, Зивеам во нова зграда на ул Васко Карангелевски бр 19 и имам купено паркинг место под зграда. Истите пркинг места на сите станари ни се пренесени како идеални делови иако се поединечно платени со образложение дека новиот Законот кој што е донесен а во кој стои дека за исти паркинг места под зграда да се пренесуваат како реални делови важи за градби од 01.01.2014 (незнам дали сум во право така ми кажаа) а нашата зграда е од 2013 година почната со градба и била според стариот закон.Тоа е едното прашање односно зошто така ни се пренесени паркинг местата. И второто прашање ми е која е процедурата за да можам истото паркинг место да го оградам (паркинг местото е на дел којшто не граничи со друг комшија ниту пак смета при интерна сообраќајна комуникација). Ви благодарам однапред за одговорот. Со почит,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

04.12.2014 во 16:23:28

Почитувани, од Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина Ве известуваат дека согласно Законот за градење, секој новоизграден објект (како и Вашиот) мора да има обезбедено потребен број на паркинг места во парцела, кои ивестирот мора да ги обезбеди за да добие одобрение за за градење. На ваков начин вам ви ги продал паркинг местата, а тоа е меѓу Вас и инвеститорот. Оградувањето на јавен паркинг простор кој им припаѓа на сите граѓани и паркинг просторот во парцела не би требало да се затвара од безбедносни причини, сообраќај, пожар итн.. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by