04 Мај 2024 - 06:33:52

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

06.12.2014 во 12:14:30

Почитувани, Општината Аеродром во последните 5 месеци превзема активности за инсталација на систем за наводнување со кој во голема мерка ги видоизмени тревните површини во општината. Конкретно, граѓаните со месеци внимаваат да не се сопнат на расфрланите купишта земја и да не паднат во некој од ископаните канали. Пешачкие патеки се натрупани со земја и кал, со испокршени плочки и се небезбедни за користење, а за тревниците воопшто нема да коментирам. И од естетски аспект општината се нагрди. Оваа акција требаше да се реализира во најмногу две недели доколку истата беше правилно организирана, но напротив сведоци сме на непрофесионално изведена и недовршена задача. Неможам да најдам и оправдување за овој проект од причина што тревниците во општината имаа систем за наводнување кој за жал не се користеше правилно и проблемот кој не следи постојано е нивното одржување, т.е. редовно косење и уредување со нови садници. Моето барање, истовремено и молба до вас е во најкраток можен рок, додека не почнало да врне снег да се санираат површините и да се вратат во првобитната состојба. Исто така, би биле многу радосни доколку општината организира затревување на површини. И една огромна молба, пред да се усвои некој предлог за проект добро да се проанализира потребата и оправдувањето за истиот. Вака се добива впечаток дека општинските пари се трошат нерационално. Со почит, Бети Ѓорѓиеска

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

09.12.2014 во 11:24:47

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение, бидејќи тоа се активности кои ги води ова одделение. Од таму Ве известуваат дека состојбата ќе се среди веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by